АВТОБУС ПОЛН СО УЧЕНИЦИ ИЗЛЕТАЛ КАЈ ЌАФАСАН: Најмалку 17 ученици поврдени откако автобус полн со ученици излетал кај Ќафасан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 17 ученици се полесно повредени попладнево во Албанија кога автобус, што превезувал средношколци, излетал од патот во близина на преминот Ќафасан, на албанско-македонската граница. Несреќата се случила нешто по 17 часот, кога автобусот во кој имало 50 ученици, излетал од патот и удрил во заштитната ограда.


На повредените ученици им е укажана медицинска помош во болницата во Прењас, каде биле пренесени со возила на случајни минувачи, бидејќи на местото на несреќата пристигнало само едно возило на брзата помош.

Средношколците биле од гимназијата во Росковец, централна Албанија, и се враќале од екскурзија во Македонија. Според полицијата, причини за несреќата се влажниот коловоз и невниманието на возачот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This