АИРЛИЈА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА: Двојазичноста помина – отсега двојазични банкноти и двојазични униформи за полицијата, војската, пожарникарите и докторите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АлсатМ објави дека вечерва во Владата поминал предлог-законот за употребата на албанскиот јазик. Меѓу другото, во одобрената верзија се предвидува двојазичност на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници во општините со најмалку 20% Албанци, како и во Градот Скопје.

Предлог-закон за јазикот:

 „Униформите на полицијата, пожарникарите, во здравството во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.“

За двојазичност на униформите на Армијата ќе се бара мислење од Венецијанската комисија. Исто така, законот предвидува парите и поштенските маркички да содржат симболи значајни за Македонците и за Албанците.

„Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.“

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This