АКО ЗА НЕШТО СЕ КРИВИ ГРАЃАНИТЕ, КРИВИ СЕ ШТО ВИ ВЕРУВАA!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова нормалност, се изнаслуша целата македонска јавност изминатите неколку недели откако се направија низа на погрешни чекори во справувањето со пандемијата на новиот коронавирус. Кога ќе отидеш во лудница логично се поставува прашањето кој е ненормален?!Изборите биле решение, а не проблем, па за какво ли решение зборат кога имаме 100-тици новозаразени од опасниот вирус на ден? Нејсе, важно е дека политиканството во СДСМ уште еднаш ја победи здравата логика, ставајќи 2 милиони луѓе во опасност поради лични хирови.

И сега кој е крив? Важно ли е кога веќе ни се случува втор пик во прв бран, што би се рекло со хазардерски жаргон 2+ прво? Епа важно е кога некој очајно се обидува да направи замена на тези наметнувајќи дека некој друг е виновен што Македонија е најлоша во регионот во справувањето со пандемијата.

Чулев бил крив, граѓаните биле криви?! Ајде мајката! Ако за нешто се криви граѓаните е тоа што ви поверуваа, ви поверуваа во бројките, ви поверуваа дека Владата успешно се справува со пандемијата. Ако ме излажеш еднаш срам да ти е, ама ако ме излажеш по 100000…. пат срам да ми е.

Да се вратиме на новата нормалност, па се изнаслушавме од Заев и Филипче како „се ќе биде океј“ како успешно се справуваме со пандемијата и дека моментот е сега или никогаш да се излезе на гласање. Единствени кои се виновни за нормализирање на коронавирусот и креирање лажна слика дека сме ја победиле заразата се овие двајца. Граѓаните со право излегоа во кафеаните и не носеа маски за да не ги фати закон, си празнуваа верски празници затоа што некој им велеше дека мора да изградат имунитет и дека нема друга опција.

Се сеќаваме сите ние како на бринфзи од лидерската кои да потенцирам никој не ги демантираше од страна на Заев било посочено граѓаните сами ќе си создадат имунитет од болеста. Денеска кога очекуваме над 100 новозаразени според неофицијални извори и на добар пат сме да се оствари желбата на Заев, само секоја една жртва, секој загубен живот оди на негова совест.

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This