Ако Мијалков не се вратеше, ќе имавме предвремени избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот аналитичар, Александар Кржаловски во денешното гостување на Сител рече дека доколку поранештниот прв човек на УБК Сашо Мијалков не се вратеше, тогаш ќе беше сигурно оти коалициски партнери ќе излезеа од Владата и со тоа ќе бевме принудени да одиме на нови предвремени избори.

Во однос на стабилноста на владејчкото мнозинство во Собранието, рече дека СДСМ добила жолт картон од ЛДП.

-Очигледно не е. Со овие сите најави за независно дејствување се дава некаков жолт картон на владејачката партија, во случајов СДСМ и за премиерот да биде во постојан штрек кој еден двајца, први ќе избегаат од коалицијата, иако сите изјавија дека остануваат да ја поддржуваат владата, но прашање е кога ќе биде пресвртниот момент. Со само 62 пратеника во секој момент може да не се издејствува. И така е блокиран генерално Парламентот, и во ваква ситуација, а камо ли со овие најави дека некој од тие пратеници кои го формираат мнозинството можат за еден или за друг Закон да гласаат против, рече Кржаловски.

Рече дека нивото на довербата во Собранието е ниска бидејќи таму веќе три недели не се одржани пленарни седници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This