April 20, 2024, 11:12 am

АКО НЕ СЕ ПОГОДИ НЕВЕСТАТА, МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ: Македонци се женат преку Фејсбук за 2000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорените бракови помеѓу Албанките и ергените од целиот Балкан постојат долго време, а сега постои и агенција за посредување преку интернет. Преку групата „Албанки за мажење“ на „Фејсбук“ голем број на Срби, Македонци, Босанци и Хрвати ја пронашле својата сопруга.

Од агенцијата за српски „Курир“ велат дека мотивот на младите Албанки за мажење е пред сè за бегство од cиромаштијата, а најчестиот мотив на српските мажи е што не можат да најдат соодветни сопруги за себе.

Албанките се патријахални и „poбинки на домот“, велат од агенцијата.

Од агенцијата за весникот информираат дека досега договориле 82 брака, од кои 46 за државјани на Србија, а останатите за мажите од останатите бивши југословенски републики.

Во најголемиот број на случаи, нивните клиенти одат во Албанија и сами ги бираат жените и девојките со кои агенцијата склучила договор за пронаоѓање на сопруг.

Тоа е евтината варијанта која чини околу 1.000 евра, а постои и можност невестата да му биде донесена дома на идниот сопруг и таму да остане 10 дена на проба, по што мажот одлучува дали таа останува или не. Таа варијанта чини околу 2.000 евра, наведуваат од агенцијата.

Социјалниот пcихолог Весна Томиќ вели дека склучувањето на вакви бракови постоело отсекогаш, но сега е во пораст поради тоа што многу луѓе, особено жените, ги нaпyштаат селата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This