April 26, 2024, 11:16 pm

АКО ТРЕБА ЌЕ СЕ УГУШИМЕ, АМА ВЛАДАТА ЌЕ ВРБУВА ЛУЃЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ: Скопјани се гушат среде лето, Владата парите планирани за заштита на животната средина ги пренамени за референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Термометрите не се единствените инструменти коишто мерат високи бројки, во летните скопски горештини. Оваа станица во Гази Баба, која го мери квалитетот на воздухот во околината, последниве денови регистрирала загрижувачи податоци, објавува ТЕЛМА.

Штетните ПМ честички, кои се главен проблем на скопјани во зима, овојпат се присутни во воздухот среде лето. И тоа, за неколку пати повеќе од нормалната граница.

Додека мерната станица за мерење на квалитетот на воздухот лоцирана во Гази Баба последниве денови измери десетпати повеќе ПМ10 честички во воздухот – Владата парите планирани за заштита на животната средина ги пренамени за употреба во референдумската кампања.

Како што објавува ТЕЛМА, Жителите се загрижени за тоа каков воздух дишат. Велат, загадениот воздух влијае на нивното здравје, а како виновни ги посочуваат фабриките од околината, прашувајќи – каква функција имаат тие филтри кои се поставени на нив.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање ги контролираат сите мерни станици, а ќе ја тестираат исправноста на станицата во Гази Баба која викендов измери 458 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, во случај да е дефектна.

-Во врска со измерените концентрации на ПМ10 честички во Гази Баба изминатиов викенд, податоците и самиот инструмент се под понатамошен надзор, со тоа што инструментот ќе се тестира и ако е потребно ќе се сервисира, велат од министерството.

Градските власти во минатото како главен виновник за загадениот воздух го посочуваа начинот на затоплување на домаќинствата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This