Алармантно: Препишани над 100 000 рецепти за сумамед и панцеф само во октомври и ноември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професор д-р Никола Пановски пред неколку дена алармираше дека во Македонија се злоупотребуваат антибиотиците и оти тие не се соодветна терапија за коронавирусот, но сепак се препишуваат.

Денеска, ги споделува алармантите бројки на препишани антибиотици во текот на октомври и ноември и прашува од каде толку препишани рецепти и зошто баш тие антибиотици, кога има уште дваестина други.

Податоци од ФЗО за октомври 2020, азитромицин таблети 500мг(сумамед) 42000 рецепти, цефиксим табл.400мг (панцеф) 13500, за 17 дена во ноември 44500 рецепти за сумамед и 14500 рецепти за панцеф. Во тој период има 30.000 нови позитивни на Ковид 19, а пропишани 86500 +28.000 рецепти.

Проценката е дека до крајот на годинава ќе се реализираат 200.000 рецепти сумамед и 60.000 рецепти панцеф повеќе од 2019. Ако имаме 100.000 САРСКов2 позитивни, ако од нив 15.000 (15%) се со некакви компликации, можеби и бактериски инфекции, од каде 260.000 рецепти, па и за 15.000 болни и зошто баш тие антибиотици, кога има уште дваесетина други???, вели Пановски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This