March 29, 2024, 12:45 pm

Албанија избрана за привремена членка на Советот за бeзбeдност на ООН

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералното собрание на Обединетите нации ги избра Албанија, Бразил, Габон, Гана и Обединетите Арапски Емирати да бидат непостојани членки на Советот за безбедност на две години, почнувајќи од 1 јануари 2022 година.

Сите пет земји добија место во Советот на 15 земји-членки, кои се задолжени за одржување на меѓународниот мир и безбедност, објави Ројтерс.

Новите членови ќе ги заменат Естонија, Нигер, Свети Винсент и Гренадини, Тунис и Виетнам.

За да се обезбеди географска репрезентација, местата се распоредени според регионални групи.

Сепак, иако кандидатите добија поддршка без противење во нивната група, тие сепак треба да добијат повеќе од две третини од гласовите на Генералното собрание за да влезат во Советот за безбедност на ООН.

Гана доби 185 гласа, Габон 183, ОАЕ 179, Албанија 175 и Бразил 181.
Советот за безбедност е единственото тело во ООН кое може да носи законски обврзувачки одлуки, како на пример воведување санкции и дозволи за употреба на сила.

Постојат пет постојани членки, кои имаат право на вето, а тоа се САД, Русија, Велика Британија, Франција и Кина, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This