АЛЕКСАНДАР ВЕРУШЕВСКИ Е ГОЛЕМ ПАТРИОТ: Мицкоски потврди дека се познава со синот на Зоран Верушевски, Александар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aлександар Верушевски е голем патриот, ова го посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашање на Инфомакс дали се познава со синот на Зоран Верушевски. Тој потврди дека се познава со Александар Верушевски и додаде дека станува збор за грижлив родител и посветен сопруг, а заканите на Заев кон неговото семејство не сакаше да ги коментира.

Кога сме веќе кај снимени разговори, Зоран Заев снимените разговор кој што се појави на Јутуб пред околу две недели е разговор кој тој го имал со Александар Верушевски син на Зоран Верушевски. Дали вие се познавате со Александар Верушевски и како ќе ги коментирате заканите кој што Зоран Заев ги упати до децата на Александар Верушевски, но и заканата за кривични пријави против него, запраша уредникот, Александар Митовски.

-Да се познавам со господинот Александар Верушевски, тој е грижлив родител и посветен сопруг, и она што можеби е значајно да го знае македонската јавност голем патриот. Кога ме прашувате за заканите на Заев кон Верушевски тука не би можел да дадам коментар бидејќи од тоа семејство закани по деца често пати доаѓале, одговори Мицкоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This