Александар Николоски: Бугарија го искористи неспособниот Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш кога се на власт, Македонија трпи катастрофални последици. Од 90-тите години за без пари си ги земаа фабриките и сега глумат тајкуни, и олигарси. Дел од нив беа толку неспособни во менаџирањето што и понатаму не знаеа што да прават со украдените пари и голем дел пропаднаа.

Овие факти докажуваат дека се однесуваат душмански кон државните пари и средства. Последен пример ќе го наведам е со Буџетот кој влезе во собраниска расправа каде на едно место имаат предвидено имаат 20 милиони евра дополнително за партиски вработувања во јавната администрација и државните претпријатија и со тоа зголемување на јавната администрација, додека не предвидуваат пари за нови амбулантни возила, за формирање ковид центри, за средства за медицинскиот персонал, и дури и тоа не било доволно туку предвидуваат плус 22 милиони евра за ситни набавки – тонери, хартија и други средства во администрацијата – сосема небитни нешта во сегашната кризна состојба, а да не се трошат на средства за справувавње со Ковид-19 во земјава – истакна Александар Николоски во своето гостување во емисијата Што не е јасно.

Суровата вистина за Македонија за жал сиромашните слоеви на населението се најголемите жртви покрај оние кои за жал го загубиле животот. Кризата најмногу ги удира најсиромашните во Македонија. Ова е тажната вистина и го кажувам најдиректно. Скоро и да нема добри услови во државните болници. Тие што немаат пари за приватно, тие се оставени на милост и немилост во државните клиники. Тоа е она што најмногу ме боли со корона кризата, преку 90 % од најсиромашните се жртви, а власта и државата не е во состојба да одржат еднаков пристап на граѓаните до соодветна терапија и третман на заболените. При тоа би сакал да им честитам на медицинскиот персонал од највисоко до најниско ниво и истовремено жалам што немаат услови и власта не им обезбедува услови за да се справат со пандемијата.
Затоа наместо да се сликаат истите како Филипче, Заев и најодговорните треба итно да си поднесат оставки.

По однос на надворешната политика го прашав и се уште го прашувам Зоран Заев јавно, кога последен пат бил во официјална билатерална посета на земја членка на Унијата и дали бил на средба со премиерот на Франција, Полска и да не ги бројам. Еве повторно сам ќе кажам – Последен пат Зораан Заев бил во официјална посета во 2018 година пред да се објави рекет, и како што излезе таа афера во јавноста, официјални лица престанаа да се гледаат со него. Тие нема да си дозволат да се сликаат и да бидат видени со лица кои се сомничат и се наоѓаат на врвот на пирамидална корупција и рекетарство.

И не само Бугарија туку и корупцијата е причина што Македонија нема да влезе во Европската Унија.

Бугарија едноставно го искористи Заев и неговите слабости. По преземањето на власта се тргна со некаков план 3-6-9 кон план не зависи од Бугарија или Корона и што и да е. Па откако не добија датум за преговори повторно стасаа забелешките од земјите членки на Европската унија, и од трите точки за борба против корупција и криминалот, реформирана администрација повторно стаса уште еден недобиен датум како последица од аферата Рекет.

Мизеријата на неспособноста е што еве на пример ќе го објаснам најпросто – Бугарија ги нотирала и забележала слабостите на владата на Заев и по третиот пат нотирање на истите и не добивање датум за почеток на преговори, си рекле дека може и нашите барања да поминат и така им поминаа како забелешки кои се најдоа како услов за вето на Бугарија кон Македонија, вели во разговорот Николовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This