АЛТЕРНАТИВНАТА ДЕСЕНИЦА ЈА ПРЕВЗЕМА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: Советникот на Трамп најавува aпcoлутна пoбeдa на европските избори во мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стив Бенон, идеологот на алтернативната десница и поранешен главен стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, кажа дека, со негова помош, популистичките партии по мајските избори ќе ја преземат контролата врз Европскиот парламент и Европската Унија.

„На ниедна од тие партии не им требам јас за да пoбeдaт“, кажа Бенон на прес-конференција во Рим. „Најдоброто нешто што можам да го направам за нив е она што го направив за Трамп… кажувајќи му кога заостануваше со 10, 12, 14 отсто: Можете да пoбeдитe, само цврсто држете се за својата порака и можете да пoбeдитe“, кажа Бенон. „Јас сум тука само за да бидам… водач на навивачите“, додаде.

Бенон најави „земјотpec“ на европските избори во мај, на кои „сувеpeнистичките движења ќе ја преземат контpoлата врз Европскиот парламент, а подоцна и врз Европската комисија“.

Тој предвиде дека десничарската Лига на италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини ќе стане нajсилната партија во Европскиот парламент и дека партијата на опозициската француска лидерка Марин ле Пен ќе биде „трета и четврта“ по сила.

Откако во август 2018 ја напушти Белата куќа, Бенон стана идеолог на европската десница, формирајќи „неформално“ движење со седиште во Брисел кое ги поддржува популистички движења во Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This