Американска компанија верува дека сега е вистинското време да се оживее мамут

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целиот план во глобала се базира на технологијата на која се базира и филмот Паркот Јура, само наместо диносауруси американските генетичари ќе сакаат да се пробаат со мамути, и не заради парк, туку за борба со климатските промени.
Проектот е на професорот по генетика од Харвард, Џорџ Чурч, чија компанија Колосал доби финансирање од 15 милиони долари за продолжување со работата.

Неговиот предлог е создавање хибрид преку калемење на ДНК од мамут со ДНК од азиски слон, најблискиот жив роднина на мамутот. Резултатот од ова е нешто што тие го нарекуваат мамуфант (mammoth + elephant) или мамулон по нашки, кој би изгледал и би се однесувал како мамут.

Намерата зад целиот план е мамутот повторно да го заземе своето место во екосистемот на Арктикот кое останува празно по нивното исчезнување. Мамутите во свое време ги расчистуваат горните слоеви снег, со што помагаат студениот воздух да стигне до почвата и да помогне во одржување на вечниот мраз. Како што тие исчезнуваат, натрупаниот снег, кој делува како изолација, го спречува студениот воздух да пробие до почвата заради што вечниот мраз почнува да се загрева и да ослободува стакленички гасови.

„Со повторното враќање на мамутите веруваме дека нашата работа ќе помогне распаднатиот екосистем да се врати во подобра и побогата состојба, слична на онаа која постоела во тундрата пред 10.000 години,“ објаснуваат од компанијата.

Нормално има и научници кои сметаат дека целата хипотеза не е издржана и дека проектот е луд, ама тоа може само затоа што се мамутофоби и не сакаат интересни работи.

За други истражувањата треба да бидат во правец на спасување на постојните животински видови од кои ни останаа критично малку примероци како бел носорог и џиновска панда, наместо да пробуваме да вратиме целосно изумрени видови.

Стравот е дека дури и сè совршено да им успее на Колосал и да вратат крда мамути во живот, дека тоа ќе го наруши тамошниот екосистем кој илјадници години се адаптирал на новата ситуација.

Планот на Колосал е првиот ембрион да го имаат готов за шест години, а според научниците далеку поголема пречка ќе биде создавање на вештачка матка за носење на фетусот. Заради сите можни проблеми и препреки кои ги имаат главно консензусот е дека рокот од 6 години е екстремно краток.

Последните мамути се верува дека се уште биле живи на Сибир до пред 4000 години, во исто време кога во Египет се градат Големите пирамиди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This