АМЕРИКАНСКИТЕ ВЛАСТИ НУДАТ НАГРАДА: 25.000 долари за пронаоѓање на актерката Шабани од Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските власти нудат награда од 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во пронаоѓањето на студентката по актерство од Скопје, Адела Шабани.

Според полицискиот оддел во Лос Анџелес дваесет и пет годишната Адела исчезнала на 23 февруари, во 11 часот, под сомнителни околности.

– Последен пат е видена во близна на блок 1700 во Wilcox Avenue, неколку блокови оддалеченост од познатиот кинески театар во центарот на Холивуд, не многу далеку од местото каде што живеела. Пријателите изјавиле дека ја оставила вратата отклучена, што подразбира дека очекувала брзо да се врати. Загрижените пријатели ја пребарувале областа, надевајќи се дека ќе најдат некакви траги, а нејзината мајка веднаш допатувала од Македонија, од каде што е нејзиното семејство, јавуваат албанските медиуми.

Оние што ја знаат Шабани во почетокот мислеле дека е зафатена, но сомнежот се зголемил откако таа пропуштила важен час на Академијата за актерство на Стела Адлер. Тогаш тие се јавиле во полицијата во Лос Анџелес.

Тие во континуитет апелираат секој кој можеби ја видел да се јави во полиција.

– Третирајте го ова како таа да е член на вашето семејство, ваша пријателка, бидејќи верувајте ми, ако ја запознаевте оваа девојка, ако ја знаевте оваа девојка, таа ќе им беше голем пријател на сите што ја познаваат, изјави Лисјен Јовановски.

Адела Шабани на студии по актерство во Лос Анџелес заминала пред две години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This