АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ПАНИКА: Руска национална телевизија прикажа цели на евентуален нуклеapен нaпaд во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската државна телевизија прикажа американски воени објекти, кои Москва би ги гаѓала во случај на нуклеapен нaпaд, наведувајќи дека хиперсоничните ракети што ги развива Москва, ќе бидат во состојба да ги погодат тие цели за помалку од пет минути.

Меѓу целите се Пентагон и претседателската резиденција во Кемп Дејвид.

Извештајот кој е невообичаен дури и за, како што велат западните медиуми – „агресивните стандарди на руската државна телевизија“, е емитуван само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена за нови тензични моменти како кубанската ракетна криза од 60-тите години „доколку САД го сакаат тоа“.

„Иако во говорот за состојбите во Русија минатата недела Путин ја нагласи подготвеноста на Москва на соодветен одговор на хипотетичкото американско поставување на ракети од среден и краток дострел во источна Европа, рускиот шеф не наведе ниту една локација кон која би можеле да бидат насочени руските ракети“, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков запрашан за коментар за емисијата „Вести на неделата“ на ТВ Росија-1 во која новинари лицитирале со можни мети на американско тло.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This