Амepикaнцитe вpзaa „cвилeн гajтaн oкoлy вpaтoт“ нa 3aeв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најновиот Извештај за состојбата на човековите права на американскиот Стејт департмент за Македонија, се посочува дека обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и 18 месеци за покомплексните случаи на организиран криминал со дозвола на претпоставениот, но во пракса, обвинителите често ги пробиваат роковите.

Во Извештајот се забележува и дека судската непримерност, прекумерниот притисок врз судиите, одложената правда и несоодветното финансирање на правосудството и обвинителството и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и дека тоа влијае врз јавната доверба во правосудството. Исто така, се забележува и дека владата демонстрира поголема почит за независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години.

-Уставот предвидува „автономни и независни“ судови, поддржани од независен и автономен судски совет. Инстанциите на судско лошо однесување, непотребниот притисок на судиите, oдолговлекување на правдата и несоодветното финансирање на судството продолжија да ги попречуваат судските операции и ефективноста и влијаеа на довербата на јавноста во судството. И судството и ОЈО се недоволно финансирани, се вели во извештајот.

Извештајот нотира и дека Заклучно со 20 август, Судскиот совет примил 283 претставки на граѓани кои се товарат за недолично однесување на судиите. Наводите вклучуваат пристрасно или неетичко однесување, процедурални грешки, одземања и надминување на роковите. Одделно, Судскиот совет доби 60 формални барања за смена или дисциплинска постапка против судии.

Во извештајот се вели дека судиите се со мали плати подложни на корупција и надворешен притисок, обвинетите особено во случаите на СЈО се жалат дека судот не им давал доволно време да припремат соодветна одбрана.

-Законот забранува произволно апсење и притвор и предвидува право на секое лице да ја оспори законитоста на неговото / нејзиното апсење или притвор на суд, како и да добие надомест за незаконско притворање, се вели во извештајот, но според Стејт Департментот, непотребниот и продолжениот притвор во суштина се уште е проблем во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This