Ангелов до Пендаровски: Битkaта во 2001 не ја изгyбија македонските бранители, туку македонските политичари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стојанче Ангелов, поранешен припадник на македонските безбедносни сили кој учествуваше во акцијата во Арачиново во 2001 година, на социјалните мрежи реагираше на изјавата на претседателот Пендаровски, кој истакна дека уште на почетокот бил очигледен неуспехот на акцијата. Ангелов посочи дека македонските безбедносни сили биле побројни, подобро обучени и организирани, неспоредливо подобро опремени и вооружени, и дека акцијата всушност била успешна, и дека македонските бранители победиле, а оние кои изгубија беа политичарите.

Во продолжение целата реакција на Стојанче Ангелов:

„Во своето денешно интервју за Дојче Веле, претседателот Стево Пендаровски меѓу другото тврди дека почетокот на акцијата за заземање на Арачиново бил неуспешен и дека неуспехот на акцијата бил очигледен.
Верувам дека ваквата изјава претседателот ја дал поради недоволна информираност за овој настан и дека во првиот момент кога двајцата ќе најдеме време ќе седнеме на по едно кафе и јас како непосреден учесник во нападот на Арачиново, како тогашен заменик командант на Тигрите кој предводеше дел од пешадискиот напад, ќе му ја раскажам мојата вистина за Арачиново, вистина зад која имам стотици сведоци од редовите на македонските безбедносни сили.
Почитуван претседателе Пендаровски! Во битката за Арачиново, ние, припадниците на македонските безбедносни сили, бевме надмоќни во секој поглед. Бевме побројни, подобро организирани, подобро обучени, вклучително и една врвно обучена полициска единица (Тигри) и една врвно обучена армиска единица (Волци). Понатаму, ние, припадниците на македонските безбедносни сили, бевме и помотивирани бидејки злото ни стигна до прагот на главниот град. Бевме и неспоредливо подобро опремени и вооружени. Од вооружување ние имавме безмалку сѐ, а тие немаа речиси ништо, освен нивните стари пушки и митрлези, фрлачи на ракети и минофрлачи.
Во нападот на Арачиново македонската Армија за прв пат ги употребени борбените авиони „Сухој“ со нивните разорни ракети и митралези, по којзнае кој пат ги употреби и борбените хеликоптери МИ-24 и МИ-8 со нивните исто така моќни ракети и митралези. Тенкови, топови, хаубици, минофрлачи, митралези, рачни фрлачи на ракети, пушки и пиштоли! Авијација, артилерија, логистика и пешадија!
Со ваква огнена надмоќ едноставно, немавме причина да брзаме. Зошто брзајќи да губиме „жива сила“ кога можевме пополека, без брзање, да го освоиме и исчистиме селото без многу загинати, ранети или повредени?
Претседателе Пендаровски! Без разлика на вашата перцепција која произлегува од вашата тогашна позиција Советник за национална безбедност во кабинетот на тогашниот Претседател, јас ве уверувам дека во 2001-та, ние, македонските бранители, војнички победивме во сите битки, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме. Изгубија политичарите. Но нивниот политички пораз е далеку од наш воен пораз. Нашата акција во Арачиново не само што не беше неуспешна туку беше победничка. Победничка бидејки нашиот непријател побегна. Побегна напуштајќи го боиштето тогаш кога сфати дека ќе биде целосно елиминиран. Мавтајки со бели знамиња, молејки за помош кај НАТО и меѓународната заедница.
20 години подоцна, на политичкиот пораз гледам малку поинаку, свесен дека тогаш на политичарите воопшто не им било лесно. Едноставно, додека ние со УЧК се боревме во прашината, државниот врв во удобниот хотел Белви бил под страшен притисок од меѓународната заедница и НАТО, да го прекине нападот и да потпише мировен договор.
Денес често се прашувам дали доколку нашето државно раководство не попуштило и не овозможило безбедно извлекување на опкружените припадници на УЧК од Арачиново, Македонија во 2001-та ќе завршеше како Србија во 1999-та? Особено ако се има во предвид дека додека траеле овие мачни преговори, нашите безбедносни служби јавиле дека од Јонско во Јадранско море впловува еден голем носач на авиони. Моја претпоставка е дека информацијата за овој носач го омекнал мислењето на целиот државен врв. Претпоставувам, не тврдам.
Како и да е, 20 години подоцна, тие кои тогаш им помагаа ним, денес ни помагаат нам, на сите нас, кои живееме на ова единствено парче македонска земја на кое е формирана единствената македонска држава Македонија, макар и со географската одредница Северна.
Забелешка: Оваа реакција ја пишувам со прекини додека со помош на француските противпожарни експерти договараме стратегија за ставање под контрола на шумскиот пожар над демиркапиското с. Барово. Од местото на кое стојм гледам како шумата високо над селото гори и чади на неколку места а ветрот и сувата вегетација максимално ја влошуваат состојбата“, реагира Ангелов на фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This