Англиски нayчници: Пopaди дeлтa-cojoт, имyнитeтoт нa cтaдoтo e нeвoзмoжeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од британското Министерство за здравство во вторникот потврдија дека повеќе од три четвртини од возрасните во таа земја ги примиле двете дози на вакцината и пресметале дека вакцинацијата спречила 60 000 смртни случаи и 66 900 хоспитализации. Сепак, експертите веруваат дека ништо нема да го спречи ширењето на вирусот.

Делта-варијантата на коронавирусот ги намали сите шанси за постигнување колективен имунитет, е заклучокот на група експерти во која е вклучен шефот на тимот за развој на оксфордската вакцина на компанијата „Астра Зенека“. Покрај тоа, тие повикаа на прекин на масовното тестирање за Велика Британија да може да почне да живее со болеста.

Истражувачите пред британскиот парламентарен комитет заклучија дека е дојдено време да се прифати фактот дека не постои начин да се запри ширењето на вирусот кај целата популација и дека следењето луѓе со благи симптоми не помогнало, пренесува „Телеграф“.

Професорот Ендрју Полард, кој го предводеше тимот за развој на оксфордската вакцина, рече дека е јасно дека делта-сојот може да ги инфицира и вакцинираните луѓе, поради што е невозможно да се постигне колективен имунитет, дури и со висок процент на вакцинирани.

Изјавата на експертите следуваше откако Ангела Меркел беше прва во Европа која објави прекин на бесплатните тестови во Германија на 11 октомври, со цел да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат.

Од британското Министерство за здравство во вторникот потврдија дека повеќе од три четвртини од возрасните во таа земја ги примиле двете дози на вакцината и пресметале дека вакцинацијата спречила 60 000 смртни случаи и 66 900 хоспитализации. Сепак, експертите веруваат дека ништо нема да го спречи ширењето на вирусот.

„Секој што сѐ уште не е вакциниран ќе се сретне со вирусот во одреден момент. Нема ништо што ќе го спречи преносот на вирусот, затоа мислам дека сме во ситуација кога е невозможно да се постигне колективен имунитет. Ќе се појави нова варијанта на вирусот, од која вакцинираните луѓе ќе можат да се инфицираат“, рече Полард.

До неодамна многумина се надеваа дека зголемувањето на бројот на вакцинирани во Британија ќе создаде некаков имунитет што ќе го заштити населението. Уште минатата недела од владиниот Комитет за вакцинација и имунизација рекоа дека една од причините зошто предложиле вакцинирање на 16-годишници и 17-годишници е да се спречи зимскиот бран на ковид.

Сепак, анализата на Англискиот институт за јавно здравје (PHE) покажа дека кога вакцинираните луѓе се заразуваат тие можат да бидат исто толку заразни како и невакцинираните луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This