АНДРЕЈ КОРИБКО: Време е Македонците да почнат да и веруваат на Русија, не на Трамп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај големите надежи кон новата администрација, Трамп досега не направи ништо за да се оттргне од стратегијата на хибридна војна врз Македонија започната од адиминистрацијата на Обама, со што се повеќе се дава на кредибилитет на предупредувањата на Русија дека странски сили имаат намера да ја уништат државноста на земјата.

vlada_zname

 

Република Македонија уште еднаш е под велот на политичка криза, трета во исто толку години. Да бидеме концизни, САД експериментира со нова политичка технологија во земјата, потпирајќи се на стратешки протекуваните манипулирани и нелегално стекнати телефонски разговори од Македонски политичари, новинари и граѓани со цел да се подгрее Обоена револуција против владата со цел дестабилизација и оттргнување од мегапроектите на РУсија и Кина како Балканскиот/Турски гасовод и Балканскиот пат на свилата преку брзата железница, кои се планирани да преминуваат преку земјата без излез на море.

Позадина

Зоран Заев, лидерот на опозициската СДСМ, доби задача од САД да биде лицето на анти-владиното движење, и неговите политички поддржувачи се карактеризираат по нивните либерал-прогресивни верувања во радикален феминизам и про-хомосексуално законодавство, што ги стави во судир со Македонското конзервативно мнозинство. Ова помага за да се објасни непопуларноста на СДСМ во послдните неколку години, факт кој дури и Заев самиот го има разбрано и кој можеби е причината зошто сакаше да ги откаже изборите кои тој самиот агитираше да ги добие во последните неколку години. Поради неатрактивноста на СДСМ и нивните социо-култуурни нагони, опозицијата знаеше дека нема да бидат во можност да ја победат владеачката ВМРО без да добијат некоја дополнителна помош, поради што преминаа кон употреба на многу опасна игра на идентитетска политика преку играње на „Албанската карта“.
Македонија има големо Албанско малцинство, иако точните бројки се дискутабилни поради тоа што последниот попис е направен во 2002. Во исто време кога Охридскиот рамковен догоров беше потпишан во 2001, се претпоставуваше дека околу четвртина од сите Македонци се од Албанска националност, иако сеуште има загриженост дека таа бројка е напумпана од стотиците илијадници Албанци кои преминаа во Македонија од Косово во време на војната помеу НАТО и Југославија. Со Охридскиот договор Македонија избегна уште едно Косовсксо сценарио предводено од насилната фашистичка идеологија од Втората светска војна за таканаречена „Голема Албанија“, со кој беше гарантирана пропорционална застапеност на Албанците во државните и општествени институции.

Во декада и половина од потпишувањето на Охридскиот договор, Македонците го добија правото да патуваат слободно низ цела Европа, и според некои набљудувачи ова е причина за бранот Албанска миграција која ја измени демографијата на Македонија. Ако ова е случај, тогаш ова би довело до помалку пропорцинална претставеност на Албанците во Македонија, поради што попис е високо поставена тема во последните денови.

Ако е тоа така, моменталниот политички аранжман во земјата претпоставува дека 25 проценти од Албанците се легални граѓани на Македнија кои сеуште живеат во земјата, а Заев знаеше дека ќе мора да пристапи кон прибирање на гласовите од оваа демографска заедница за да ги подобри шансите на претстојнтие избори против ВМРО.
Тука, амбасадорот на САД Џес Бејли стапи на сцена.

Игрите на Бејли

Големо е сомневањето дека Амбасадорот Бејли беше клуче во прибирањето на Албанското малцинство околу СДСМ наместо кон нивните традиционални етно-центристички политички партии, како што тоа досега беше случај во земјата по Охридскиот рамковен договор. Ова допринесе СДСМ речиси да победи на изборите во Декември, на големо изненадување на сите набљудувачи кои ја отфрлија можноста имајќи во предвид дека тие претпоставуваа дека Албанците ќе се придржуваат кон нивните политички партии наместо да се свртат кон СДСМ. ВМРО едвај победи на изборите, но не успеа да формира влада бидејќи нивниот вообичаен Албански коалициски партнер, ДУИ, тврдоглаво отфрла да соработува освен ако не бидат прифатени радикалните барања од т.н. „Албанска платформа“.

Оваа агенда е формирана во Албанскиот главен град Тирана веднаш по изборите кога сите лидери на Албанските политички партии беа поканети од премиерот Еди Рама каде што добија наредба да промовираат одредена политика во змејата, со што ќе се зголемат шансите за „Голема Албанија“. Едно од овие барања беше сите стурктури на власта во Македонија да станат двојазични, дури и во места каде што нема Албанци, што е неприфатливо за ВМРО и поголемиот број на Македонци. Владата веќе го спроведува Рамковниот договор, со што на Албанците им беа доделени најдобрите малцински права било каде во светот. Македонските патриоти веруваат дека „Албанската платформа“ е непотребна и затоа сметаат дека истата е опасност за проширување на влијанието на Тирана во земјата и преку претходниот проект за „Албанска унија на општини“.

Сето ова е веќе заканувачки опасно, но ситуацијата поопасна ја прави тоа што Заев во текот на кампањата најави дека либерално ќе го интерпретира Рамковниот договор со што ќе им даде на Албанците „повеќе права“ ако победи, што некои набљудувачи го сметаа за „кучешко свирче“ за да се индицира неговата поддршка за „Голема Албанија“ преку претставување на национален билингвализам, а подоцна и „федерализација“ на земјата (интерна партиција). Уште полошо, овие два чекори би довеле до ситуација да се разгледува и промена на уставното име во име според барањата на Грција, со што Скопје од Атина би добило брза поддршка за ЕУ и НАТО интеграција.

Проблемот со името, како што често се нарекува, е исклучително комплексна тема, но удира во срцето на она што значи да се биде Македонец, и е најчусвтвителната тема кај граѓаните. Народот верува дека ако се промени името на земјата, ова ќе значи и унишување на Македонската држава, што пак е причината зошто мнозинството на граѓаните силно се спротивставуваат. За жал изгледа дека Амбасадорот Бејли, Сорос и неговата мрежа, Заев и неговите Албански политички поддржувачи имаат други планови.

Кон нова Балканска Војна?

Да претпоставиме дека Трамп има намера да го смени својот пристап, реално тој во овој момент не би можел имајќи во предвид дека администрацијата на Обама ја отвори Пандорината кутија преку изборното оживување на Албанскиот национализам во Македонија, што би можело опасо да резултира во одново појавување на Албанскиот тероризам ако нивните политички барања не се исполнат. Терористичка ќелија беше разоткриена во 2015 година при врвот на Американскиот дестабилизирачки инженеринг против земјата, и сеуште не е растурена, истата можеше да ја превори пропаднатата Обоена Револуција во неконвенционална војна, со што ќе беше иницијатор на нова, насилна Хибридна војна на Балканот. Русија добро знае што е во игра, не само за нејзиниот Кинески сојузник и нејзините инфраструктурни интереси, но за регионалната стабилност како целина, што го потврди и портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

„Западот го користи Албанското мацинство во обид да се наметне власт на поразената опозција во Скопје, која ги одобрува Албанските ултиматуми кои водат до ерозија на државните темели на земјата. Продолжените деструктивни обиди да се наметнат шеми однадвор, спротивно на волјата на Македонските гласачи, само може да ја влоши ситуацијата. Неопходно е да се запре со странското вмешување во внатрешните работи на Мкаедонија, да се почитува правото на Македонските граѓани да ја формираат својата иднина во согласост со фундаменталните демократски принципи“.

Нејзините мудри коментари беа проследени со вознемирувачки коментар од МНР на Русија, во чиј дел се вели:

„Веруваме дека е исклучиелно опасна намерата да се уништи Македонската државотворност и да се дестабилизира целиот Балкански регион“.

Ова беше потврда на она што претходно го кажа како предупредување министерот за надворешни на Руската Федерација Сергеј Лавров во Мај 2015 откако Бугарија и Албанија (двете земји имаат територијални претензии кон Македонија) започнаа да искажуваат опасни намери кон нивниот сосед:

„Сега се нуди Мкаедонија да биде федерализирана уште повеќе, до степен да се претвори во флексибилна федерација или дури конфедерација, дури има и идеи потполно да се растури како вештачка држава, од кои еден дел би припаднал на Бугарија, а друг на Албанија“.

Застанете и погледнете, истата ситуација за која Лавров предупредуваше стана реална политичка понуда во Декември 2016 кога екс-Британски дипломат и експерт за Балканот Тимоти Лес започна да лобира за геополитичка поделба на Балканот. Неговиот скандлозен напис за влијателниот Совет на Надворешни работи, неоконзервативен тинк-тенк, промовира „федерализација“ на Македонија како предводник во западната анексија од страна на Албанија. Калифорнискиот конгресмен и шеф на поткомитетот за надворешни работи за Европа, Евроазија Дана Рорабакер го канализираше предологот на Лес и го однесе чекор понатаму во Фебруари, кога декларираше за Албанските медиуми дека „Македонија не е земја…Косоварите и Албанците од Македонија треба да бидат дел од Косово, а другиот дел да припадне на Бугарија“.

Иако беа вложени големи надежи во администрацијата на Трамп, досега се покажа како незадоволителна и без волја да се запре хибридната војна која Обама ја инсталираше во Македонија, а што е посериозно, можеби се припрема и да ја интензивира. Иако обидите на Трамп симболично да се задоволат масите и да се отстрани Бејли од неговото место како Амбасадор, ова ќе биде само површна промена се додека поддржувањето на идејата за „Голема Албанија“ преку „албанската платформа“ и Заев останат во ефект, што е веројатно имајќи ја во предвид дека неоконзервативната „длабока држава“ сеуште управува со Американската надворешна политика. Иако голем дел од Македонските патриоти гледаат на Тамп поради неговите нео-конзревативни социо-економски политики и хипнотизирачката харизма, би требало да се потсетат на неговата идеологија за „Америка на прво место, и тоа во моментов, неговата „длабока држава“ смета дека преку дестабилизацијата на Македонија ќе се запре Русија и Кина во нивните мегапроекти со цел остварување на идеологијата „Да ја направиме Америка голема повторно“.

Наместо ова, Македонците би требало да почнат да ја слушаат Русија повеќе, не Трамп и неговите сурогати, бидејќи Москва повеќе пати докажа дека е во право целото ова време и со сите предупредувања. Со оглед на ова, ниту еден нормален Македонец не би сакал предупредувањата на МНР на Русија да станат реалност, што ќе значи уништување на Македонската државност и дестабилизација на целиот Балкански регион, затоа е имепративно да започнат својата верба да ја вложат во Русија ако сакаат нивната земја да излезе од овој американско провициран хаос цели

Андреј Корибко
Геополитички аналитичар
Спутник

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This