АНКАРА: „Загриженоста на САД за купувањето на С-400 од страна на Турција е политичка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загриженоста на Соединетите Американски Држави (САД) околу купувањето на рускиот антиракетен систем „С-400“ од страна на Турција е политичка, истакна висок турски претставник од одбраната.

Џелал Сами Туфекџи, потпретседател на турскиот Потсекретаријат за одбранбени индустрии, потсети на американската понуда за продажба на противвоздушниот и противракетен систем „Патриот“, вреден 3,5 милијарди долари за Турција, дојде на почетокот од јануари оваа година.

„Нашата работа на С-400 се враќа“, пред оваа понуда изјави Туфекџи за Anadolu Agency (АА) по панелот одржан во Вашингтон.

„Разговаравме не само со Русија и со САД, туку и со многу европски земји. Сметам дека САД ја изразуваат својата загриженост во смисла на политиката“, рече тој. „Мислам дека [загриженоста] претставуваат образложенијата што се создадени против Турција.“

Анкара планира да купи 100 воени авиони „Ф-35“ по американското одобрување од Конгресот. Триесет воени авиони веќе се одобрени за купување.

Но, Вашингтон изрази незадоволство кон купувањето на системот „С-400“ од страна на Турција, велејќи дека системот може да добие доверливи информации за воените авиони, вклучувајќи го нивниот опсег на детекција и начинот на функционирање.

Туфекџи ги отфрли наводите дека рускиот одбранбен систем може да добие информации за софтверот на воените авиони и потсети дека американските и израелските авиони „Ф-35“ без проблеми летаат над Сирија, каде што се активни руските радари.

„Технички, сè е можно, но Турција ќе користи свој домашен софтвер. Ние сме пријателска земја со САД“, рече тој, потенцирајќи дека Турција нема да дозволи протекување на информации во врска со авионите „Ф-35“.

„Ние, во секој случај, нема да дозволиме такво нешто“, додаде тој.

Турција долго време правеше напори да го купи системот за противвоздушна одбрана од САД. Откако не наиде на успех, Анкара во 2017 година одлучи да го купи рускиот систем за противвоздушна одбрана „С-400“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This