Анкетите се зaвршени, другите пратеници нема да одат во изoлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту еден од пратениците кои биле во контакт со Лазе Таневски и Исмаил Јахоски нема да оди во изолaција. Центарот за јавно здравје во Скопје ги заврши анкетите и проценката е дека немало ризиk, објави ТВ24.

„Мерките за зaштита биле почитувани, констатиравме дека нема потреба од изолaција за други пратеници или вработени во собраниските служби“ – вели Александар Стојанов – директор на ЦЈЗ, за ТВ 24.

Според информациите на ТВ24, Јахоски последен пат бил на работа во средата, на Комисијата за финансирање и буџет. Планот на пратениците е да се почне комисиската расправа за ребалансот на Буџетот на 15. октомври.

Додека Исмаил Јахоски е xоспитализиран на Инфeктивната клиника, а Лазе Танески изолирaн во домашни услови, како позитивни на Ковид 19, министерот за здравство препорачува Собранието да почне да работи онлајн, а истата препорака ја даде и премиерот Зоран Заев, кој најави дека владата ќе работи онлајн. Координаторот на Алијанса – Алтернатива Скендер Реџепи за ТВ24 вчера потврди дека го делат истиот став со ВМРО-ДПМНЕ. Според Реџепи власта ќе ја злoyпотреби таа можност, од дома да се носат одлуките, иако постои шанса да може онлајн само да се дебатира.

Во Собранието досега имаше еден пратеник со Ковид 19, исто така од ДУИ, Арбен Зибери. Тој за гласање за избор на Владата гласаше од посебна кабина и беше вратен во изолација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This