АНЃУШЕВ ЌЕ ЗАШТЕДИ, А ДРЖАВАТА ЌЕ ПЛАЌА ЗА РАСКИНУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ СО МЕПСО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе заштеди, но државата ќе плати 233.000 евра. Ова следува откако компанијата на Анѓушев го раскина договорот со МЕПСО.

Фирмата на Анѓушев имала склучен договор за набавка на електрична енергија со МЕПСО во период кога нејзината цена изнесувала 39.65 евра за мегават час, додека сега истата изнесува 60.14 евра за мегават час. За да не претрпи загуба од 223.000 евра, Анѓушев се откажува од тендерот за набавка на струја , па ова е износот кој ќе се плати со парите на граѓаните.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера се огласија на оваа тема велејќи дека овој износ на пари можело наместо во џепот на Анѓушев, да се искористи во проекти од кои корист ќе имаат сите граѓани.

-Дополнително загрижува фактот што ЕЛЕМ распиша тендер за набавка на електрична енергија во висина од 2 милиони евра, по висока цена, уште еден внесен бизнис кој е можно да заврши во рацете на моќниците на власта. Дали можеби фирмата на Анѓушев утре ќе се јави како добавувач на скапа струја за државната ЕЛЕМ за да прокнижи голема добивка на тендерот во вредност од 2 милиони евра? Ова е огромно лицемерие. Анѓушев заштедува, а државата плаќа. Ова е начинот на кој работи владата на СДС. На ова расипништво мора да му дојде крај. Граѓаните заслужуваат подобро, вели Затуроска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This