April 26, 2024, 10:16 am

Апасиев не планира да влегува во коалиција со Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на прес-конференција обвини за изборна кражба и најави кривични пријави против членовите на ДИК за овој, како што рече, „невиден скандал во досегашната изборна историја“.

Тој рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4.

Апасиев прстот го впери во СДСМ и обвини дека партијата се обидувала да им го земе вториот пратеник.

„Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80 000 гласови кои се несоодветни. Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои „висат“ во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници. Сега засега имаме двајца пратеници чисти. Се прави максимален обид од СДС да ни го земат и вториот пратеник во Третата изборна единица, кој е чист како солза. Ќе дадеме максимум од себе да дојдеме барем до тројца пратеници“, рече Апасиев.

Хакерскиот напад на страницата на ДИК го нарече изборен масакр и дека по разговор со стручни лица смета дека дистрибуиран напад на сајт чини неколку милиони евра, а само неколку луѓе или структури во државата, рече тој, тоа може да го спроведат.

Незадоволен е од изборниот модел кој, рече, ќе мора да претрпи измени зашто не може да опстои и тоа ќе биде негов прв предлог како пратеник во Собранието за промена во една изборна единица.

-Ова е шизофрен изборен модел, кој ја фалсификува волјата на граѓаните. Затоа што еден пратеник на СДС и ДПМНЕ чини седум илјади гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 илјади гласа или два и пол пати повеќе. Иронија е што Алијанса и Алтернатива, кои имаат двапати повеќе освоени гласови од нас, имаат шест пати повеќе мандати од нас“,

рече Апасиев.
На прашањето за идна коалиција, Апасиев рече дека засега немаат контакти со политички партии, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.

„Сега за сега немаме контакти со никоја партија. Веројатно ќе треба да се даде мандатот, па мандатарот да не викне да преговараме, но начелно со Ес-Де-Ес нема што да преговараме“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This