Апacиев за Еypocтандард банка: Baкa вeќe нe можe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор – преку она што ние го нарекуваме АНТИЛИХВАРСКО ЗАКОНОДАВСТВО!

Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари.

Уште денес ќе одам во Собранието на Република Македонија и ќе барам да ми биде доделена канцеларија, бидејќи чим СДС си толкува дека „парламентот е конституиран“, тогаш по закон се должни да ни обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаме у ходници како некои кираџии.

Веќе од следната недела ќе се консултирам со еминентни професори од економските факултети ширум Македонија за да ставиме крај на оваа правна несигурност која илјадници сограѓани, преку ноќ, ги доведува на раб на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал.

Вака веќе не може!

#ЛевицаОдПарламент

#БанкарскаРеформа

Подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и…

Posted by Димитар Апасиев on Friday, August 14, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This