March 28, 2024, 10:47 pm

АРСИМ ЗЕКОЛИ: Ножевите во Бихаќка се веќе извадени, најавува внатрепартиска борба помеѓу Заевистите и Радомилите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Арсим Зеколи во својата последна колумна за Дојче Веле најавува раскол во владеачката СДСМ, каде што како што вели, ножевите се веќе извадени. Според него Конфликтот е помеѓу Заевистите и Радомилите, односно структури блиски на Заев од едната и структури блиски до Шеќеринска од другата страна. Иако провладините медиуми во последните месеци сакаат да ја дефокусираат јавноста со наводниот раскол во ВМРО-ДПМНЕ, скриениот конфликт во СДСМ е многу поопасен од проблемите кои ги има опозицијата. Според Зеколи доколку СДСМ до следните парламентарни избори не испорача реални промени, ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го искористи и ќе победи.

-Во секој случај, извесно е дека ножевите се веќе извадени во Бихачка, проследени со повици дека „Македонија е уморна од лидери”. По што неминовно ќе следи конгресната „Осма седница” на која ќе се решава дали партијата ќе остане во рацете на „лидерот” или пак превземена од конзилиум на „проверени искусни кадри”. Но доколку мислите дека станува збор за обична партиократска пресметка на Заевисти и Радомили како втор акт на драмолетката „Бранко е крив”, тогаш сте во заблуда. Бидејќи, како што судирот на младата скопска социјал-демократија со Глигорие Гоговски го најави крајот на комунистичкиот бедем на самоуправување, така и тековниот судир во СДСМ е рефлексија на долго одложуваниот судир помеѓу стариот концепт на скопската социјалдемократија со целосно изменетата Македонија. Судир во кој, евидентно, веќе нема ниту место ниту причина за изговорно „збивање редови” во одбрана и рушење на Груевизмот.

Тој судир кој ќе ескалира во месеците пред нас ќе ја дефинира шизмата помеѓу популизмот на Заев и Јапизмот на Шеќеринска. Навидум, во таа поделба на улогите, етикетирањето на Заевизмот со популизам подвлекува негативистичка аура на антимодернизам. И така и би било, доколку негативноста на популизмот не беше парирана од статичкиот, статус-кво елитизам на Јапизмот на Шеќеринска, персонифициран низ суријата излитени и презрени киднапери на смислата на прогресивизмот и авангардната мисла. Поедноставено, елитизмот на Шеќеринска ја ублажува негативната конотација на популизмот на Заев и истиот го прави попривлечен и поподатен за поддршка од страна не само на гласачите, туку и добар дел од меѓународната заедница.

Херметичната затвореност до работ на целосна аутистичност, потпомогната од истрошената медиска камарила и веќе презрените вештачки билдања на рејтинзи и вулгарен јавен дискурс го имаат доведено Јапизмот на скопската социјалдемократија на работ на баналност и изложено на јавен потсмев. Кариер-персоналната логика на „промена – тоа сум Јас” е Дамокловиот меч кој екслузивно настроената скопска социјалдемократија ја држи над сопствената глава. Со опасност да мечот премине во рацете на добар дел од младите кои ионака оценуваат дека полесно ќе се пробијат преку грбот на поприемчивиот за промени Заев и низ слоганот „промена – тоа сме Ние”. Но во таа поделба на улогите, едно е сосема извесно. Доколку реалните промени не бидат испорачани од страна на СДСМ, тоа секако ќе биде искористено од пост-груевистичкото водство на ВМРО-ДПМНЕ. На првите следни избори, пишува аналитичарот Арсим Зеколи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This