Арсовски: Владата да одговори колку ќе потроши за прославата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сведоци сме на изјави на дел од музичарите кои биле договорени да настапат, кои јавно кажуваат дека биле изманипулирани и излажани и воопшто не им било кажано дека настапуваат на прослава за промена на името, НАТО и ЕУ. Дополнително, само СДСМ може да организира прослава за промена на името и да им продава ПР на граѓаните дека влегуваме во ЕУ и НАТО и затоа се слави. А, сите за жал видовме дека добивме датум за датум за преговори за влез во ЕУ и НАТО, ако и само ако доколку го смениме уставното име на Република Македонија- изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако СДСМ се подготвени да лажат за договарање на артисти за настап, замислете за што се се подготвени да лажат и манипулираат за многу поголеми работи кои што ни претстојат во наредниот период и иднина. Излажаа за прославава, излажаа за 500 евра плата, излажаа за влез во ЕУ и НАТО, излажаа дека нема да се менува Уставот. Сушат лажат за се и сешто. Ако артистите и прославата биле договорени пред месец дена Владата веднаш да одговори кога е распишана јавната набавка за прославата и кој владин орган стои како организатор на истата прослава? Која е фирмата која ги изнајмува бините, озвучувањето и осветлувањето и колку пари чини истото, бидејќи парите се даваат од џебот на граѓаните?- праша Арсовски.

Според него сумата за ангажманот на изведувачите очигледно е огромна штом се крие од страна на владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This