April 19, 2024, 12:36 am

АФРИКАНСКИОТ БРАН ЛОШО ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО:Мачнини и главоболки, можна е и појава на несоница и поспаност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Топлиот бран кој ќе пробие кај нас во текот на новата недела која што ни следува и почнува од утре ќе услови невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе бидат рано – летни, особено од вторник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во најтоплите региони од државава пак истите се очекува да се искачат и до 25 степени, пишува метеорологот Славчо Поповски.


Времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево повремено со умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет, токму поради ваквото јужно и југозападно воздушно струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши минимален транспорт на прашина и на песок.

До крајот на денешниот ден пак има услови само за слаб локален и краткотраен дожд.

Биометеоролошките прилики во Македонија поради овој невообичаен топол бран ќе бидат релативно неповолни, па така кај метеопатите е можна појава на главоболка како и повремена нервоза, можна е и појава на несоница и поспаност како и тежина на главата и телото, исто така поради зголемената влажност во воздухот има услови и за појава и на спарина.

Месец март како во најголем дел од Европскиот Континент, па така и кај нас ќе биде потопол од вообичаеното, и покрај ова секако дека и понатаму има услови од северот и североистокот на Европа кон нашиот дел да се спуштат студени бранови кој би условувале зимски температури.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This