Ахмети го посакува Заев во коалиција: Би било од полза да продолжиме со СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вчерашното интервју на ТВ Алсат, рече дека би сакал да продолжи соработката со истите партнери за да ги завршат веќе започнатите работи, но на дополнително прашање дали го преферира СДСМ, тој кратко одговори: „Но, одлучуваат граѓаните“.

Jас не сакам да прејудицирам, по моето мислење и процена, би било од полза да продолжиме истите партнери, затоа што има прашања кои сме ги започнале, одговори Ахмети.

Дали може во Влада во која би била ДУИ да бидат и други албански партии, Ахмети рече дека не сака да прејудицира, но оти тоа не му пречи.

За идејата за премиер Албанец и за кандидатот Насер Зибери, пак, тој рече дека идејата е на ДУИ, но името на кандидатот не е, но не одговори конкретно дали смета дека другите албански партии ќе го прифатат по изборите.

Тоа е човек кој не е од редовите на ДУИ. Во својата професија, од 2004 година, и повеќе се занимавал со јавни мислења, анализи и такви нешта, дополни тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This