Ахмети: Заев ми се јавува после секоја изјава да ми се извини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека Зоран Заев, после секоја изјава против ДУИ, му се јавува да му се извини дека не го мислет тоа што го кажа и дека така кажал затоа што бил во предизборна кампања.

Тој ова го истакна во интервју во емисијата „RealStory” која се емитува на албанската телевизија Њус24, во однос на последните изјави на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека после изборите ДУИ ќе оди во опозиција, и за изјавите кај што вика дека или ќе земе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ или тој ќе му даде пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да формира малцинска Влада, само Али Ахмети да не ги уценува за неговата идеа прв премиер на Македонија Албанец.

– Зоран Заев ме измори со изјави кои ги дава последно време, иако после тоа ми се јавува и ми кажува извини што кажав така, знаеш ти дека јас не мислам така но се наоѓаме во кампања, рече Ахмети.
Тој додаде дека после изборите тие ќе ја почитуваат одлуката на мнозинството Македонци и дека ќе коалицираат со победникот од македонскиот блок партии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This