АХМЕТИ: Станавме свои на свое, ја вративме гордоста кај Албанците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инсистираме и ќе го реализираме ветингот во сите сфери на општествениот живот почнуваќи од судството, но и во сите државни институции, бидеќи ние само така ќе се бориме против корупцијата и екстремизмот. Со функционирањето на правната држава ние ќе бидеме поблиску до европските вредности, ќе станеме 30-та членка на НАТО до крајот на годинава или почетокот на идната. Подготвени сме да се соочиме со сите предизвици кои ги има потот кон ЕУ.

Ова го истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Кичево во обраќањето на Изборното собрание на кое се бираше нов претседател на огранокот на партијата за овој град.

На Изборното собрание на кое присуствуваше целото партиско раководство и други функционери на партијата, Ахмети се осврна на она што го сработиле во изминатите 18 години, за што вели, ќе пишува историјата.

– Ние станавме свои на свое, го „убивме“ стравот, ја вративме гордоста кај Албанците…Во иднина ќе работиме на подготвување нови генерации за во ЕУ и НАТО, рече Ахмети.
На Изборното собрание за нов претседател на огранокот на ДУИ во Кичево е избрана дипломираната правничка Ардита Дани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This