Бачев за изборите ќе се жали во Стразбур

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 15 јули во Македонија се случи историски скандалозен преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите, се пожали Јанко Бачев на прес-конференција.

-Планот е изготвен од некои го нарекуваат длабоката држава, некои „сценаристот“, а ние го нарекуваме „ѕверот“, во содејство со марионетската власт во Скопје. На Заев од претставниците на „ѕверот„ во Македонија му е презентиран планот дека по секоја цена на изборите што следат мора да се понижи Единствена Македонија како некоја симболика за победа над наводното руско влијание во Македонија и со тоа да се упати суптилна порака за наводниот голем пораз на руското влијание во Македонија и наводната целосна определба на македонскиот народ за НАТО и политиката на „ѕверот. И еве, на изборите Заев го спроведе планот на „ѕверот“ преку својата инсталација – ДИК, и во таа битка за влијание во Македонија, Единствена Македонија излезе колатерална штета на изборите. Значи, за референдумот го победивме „ѕверот“, но сега „ѕверот“ ни врати. Сега сме кажано со спортски речник, нерешено, останува да видиме кој ќе победи во коечната пресметка, рече Бачев.

Тој рече дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ никогаш нема да ги признае овие избори со кои, како што вели е направен тежок изборен фалсификат.

Најави дека неделава започнуваат постапката и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

-Прво, ДИК по изборите им фалат 2.013 гласачки ливчиња со кои е правен масовен фалсификат по моделот на т.н. бугарски воз. Откако го обелоденивме овој факт, ДИК експресно излезе со одговор дека било „техничка грешка“..второ, моите билборди во Струмица каде беше клучната битка со Заев, веднаш по монтажата се отстранети уште првиот ден од кампањата, иако уредно се платени. Трето, добивме фрапантен податок од терен дека дури 24.066 гласачки неважечки ливчиња се однесуваат на редниот број 11, а тоа се наши гласови. ДИК не дозволува да направиме увид и јавноста официјално да го види овој тежок фалсифика.. Четврто, во заднина без да знае никој, ДИК го брише од избирачкото ливче називот „Никогаш северна – само Македонија“ иако листите се поднесени со тој назив. Со еден збор, во последен момент не бришат и ние настапуваме на изборите како безимен субјект со што ни е направена немерлива штета, бидејќи, народот не препозна како Коалиција „Никогаш северна – само Македонија“ а и ДИК до последен момент не најавуваше како „Никогаш северна – само Македонија, вели Бачев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This