БЕКИМ МАКСУТИ ЛЕТАШЕ ДВОГЛАВИ ОРЛИ: Заменик-министерот за oдбрана на Р.Македонија лета двоглави орли во Албанија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик министерот за Одбрана на Република Македонија, Беким Максути, кој најверојатно бил во официјална посета на Република Албанија, го лета двоглавиот орел, кој Албанците го сметаат за нивен симбол.

Вчера во Тирана била остварена средба помеѓу заменик министрите за Одбрана на Албанија, Косово и на Македонија. За оваа средба се пофали заменик министерот за Одбрана на Косово, Бурим Рамадани, на својот Фејзбук профил, за која, летајќи двоглав орел и постирајќи само албанско знаме, пишува дека била братска средба меѓу заменик министрите на Албанија, Косово и на Северна Македонија.

На оваа официјална посета на Албанија, заменик министерот на Одбрана, најверојатно отишол со народни пари на македонските даночни обврзници. Но по се изгледа дека тоа за заменик министерот не било проблем, како официјален претставник на Македонија да промовира симболи на друга држава. Тој не е заменик министер во било кое министертсво, туку министерството за Одбрана, министерство кое треба да се грижи за безбедноста и територијалниот интегритет на Република Македонија.

И сега се поставува прашањето како заменик министерот за Одбрана на Македонија, ќе ја извршува својата функција и ќе се грижи за безбедноста и територијалниот интегритет на државата во која ги ужива сите привилегии а отворено и јавно прокламира симболи на така наречена “Голема Албанија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This