Белгија зaбpaни патувања во странство за Велигден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгискиот премиер Алексадер Де Кроо во петокот го изнесе временскиот план за попуштање на рестриктивните мерки за сузбивање на коронавирусот во кој се забранети патувањата во странство за Велигденските празници, а во мај треба да бидат отворени баровите и рестораните.

„Свесни смо дека ни е потребна перспектива по пет месеци големи напори. Ова не е автоматски календар, ќе мораме да водиме сметка за бројот на хоспитализациите поврзани со пандемијата“, додаде лубералниот флаански челник Де Кроо.

Белгија, којашто има голем број странски државјани и странски студенти, патувањата надвор од земјата ги забрани до 18-ти април а исклучок се итните семејни причини, со што се опфатени двете седмици од Велигденските празници кои во католичкиот свет започнуваат во саботата на 3-ти април.

Софа оваа забрана, којашто не важеше за прекуграничните работници од соседните земји, важаше о 1-ви април.

Од понеделникот на отворените простори ќе биде дозволено собирање на најмногу десет лица, наместо досегашното ограничување до четири лица, а на погребите може да присустуваат до 50 лица.

Според овој роковник за олабавување на мерките, во април Белгијците ќе можат повторно да учествуваат на културни настани на отворено почитувајќи ја оддалеченоста. Во мај, пак, ќе бидат отворени кампови за младите и спортистите ќе може да вежбаат на отворено. Исто така, ќе биде може да се оди на пазарите и во забавните паркови, додаде премиерот Де Кроо.

Белгија веќе повеќе од четири месеци во делумен карантин: училиштата останаа отворени, но баровите, рестораните и салите за приредби мораа да бидат затворени за да се запре вториот бран на пандемијата.

Во мај би требало да бидат отворени баровите и рестораните, благодарејќи на поголемиот број брзо тестирање, додаде премиерот. Белгискиот челник додаде дека „единственото вистинско решение е вакцинирањето, тоа ќе биде основа“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This