БЕЛГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ НАЈАВИЈА: Најверојатно во септември ќе распишат тендер за изградба на гробишта за домашни миленичиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белградските власти најавија дека најверојатно во септември ќе распишат тендер за изградба на гробишта за домашни миленичиња, пренесува РТС.

Во овој момент, Сообраќајниот институт ЦИП ги проектира гробиштата за домаши миленичиња во Блок 51 во Нов Белград. Градежната дозвола се очекува во септември оваа година, соопшти Градската управа.

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ очекува дека тогаш ќе биде распишан тендер за избор на изведувач, кој ќе ги гради гробиштата.

„Тендерот ќе ја опфати првата фаза од уредувањето на комплексот во рамки на кој ќе градиме сообраќајница, пешачка патека, зелена површина, паркинзи, комунална инфраструктура и административен објект“ наведува Васиќ.

Според информациите, во комплексот е предвидена можност за погребување на домашни миленичиња на повеќе начини, а просторот ќе биде усогласен со постоечкото зеленило.

Просторот за погребување ќе се состои од плоштад за испраќање, парцела за гробови во низа и простор за заедничко погребување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This