April 20, 2024, 12:23 am

БЕРЛУСКОНИ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНА: Владеачката партија на Матео Ренци катастрофално загуби, победија десничарите и Евроскептиците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето „Пет ѕвезди“ исплива на површината како партија со најмногу гласови на Италијанските парламентарни избори, додека анти-миграциската „Лега“ ги надмина очекувањата според првичните резултати од изборите кои се одржаа во Италија во неделата. Про ЕУ-центристите доживеаа драматичен пораз

Според првичните резултати на „РАИ“ 30.5% од гласовите одат кај Евроскептиците, односно кај движењето „Пет ѕвезди“, како и кај антимиграциската „Лега“ која е во коалиција со партијата на Силвио Берлускони „Форца Италија“, со 14.5%. Владеачката социјал-демократска партија се очекува да добие околу 22% од гласовите.

Излезните анкети од последните избори во 2013. година беа со околу 5% точност во споредба со конечните резултати.


Се очекува излезноста на овие избори да биде најмалата во пост-воената историја на Италија.

Ниту една партија нема доволно големо мнозинство во Сенатот и Пратеничкиот дом, па партиите ќе мораат да нарправат коалиција, чекор кој ќе се покаже како тежок особено поради ветувањето на Алесандро Ди Батиста кој во кампањата вети дека нема да прави коалиција со ниту една партија, туку најверојатно ќе преговара за поддршка со другите партии.

Италија со ова ќе добие силна Евроскептична влада, која не се согласува со мигрантската политика на ЕУ, односно, воопшто не се согласува со членството на Италија во Евроската Унија. Некои експерти очекуваат и сценарио слично на „Брегзит“.

Досегашната владеачка партија на Матео Ренци, е истата онаа која пружаше политичка, материјална и логистичка поддршка на СДСМ во текот на целиот период на т.н. „шарена револуција“. Ренци катастрофално ги загуби овие избори.

Дел од Италијанските медиуми, своевремено пишуваа дека „бомбите“ кои ги добил Заев биле прибавени со помош на италијанските, бугарските и грчките служби на западните партнери на Балканот.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This