April 24, 2024, 10:18 pm

Беџети: Останувам на ставот од 2014-тата дека Влада треба да формираат победничките партии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Треба да се почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласале на изборите,но само во албанскиот,а не и во македонскиот политички блок.

vnjfceds

Може ли ваков заклучок да се изведе од неконзистентноста во ставовите на дел од интелектуалците албанци за тоа кој треба да ја формира новата влада.Имајќи ги предвид нивните размислувања во 2014 и сегашните.

Џевдет Хајредини, Исмет Рамадани, Насер Зибери, Мерсел Биљали, Вулнет Амети и Алберт Муслиу се меѓу албанските интелектуалци кои се потѕпишани на апелот со кој на ДУИ му се препорачува да не коалицира со ВМРО-ДПМНЕ иако за оваа партија на изборите гласаа 455 000 граѓани.

Огромен дел од гласовите што ги има добиено ВМРО-ДПМНЕ се некредибилни и нелегитимни, оти се обезбедени не по заслуга, туку со понижување, со измами и со заплашување на гласачите од другите етникуми во државата со Албанците, работа кое длабоко има допрено во душата на секој Албанец

Сепак дел од нив во 2014 не размислува ана ист начин во ситуација когаа ВМРО-ДПМНЕ беше во позиција комотно да го избере партнерот од албанскиот политички блок бидејќи имаше мнозинство во парламентот. Овие претставници на албанската заедница сметаа дека мора да се почитува воњата на мнозинството гласачи албанци и ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ како најголема победничка партија на која според Уставот и важечките закони ќе и припадне мандатот за формирање на новата Влада, почитувајќи ја веќе изградената практика, се очекува да повика и политичка партија која ги претставува Албанците во формирањето на Владата. Ако Албанците ја немаат во власта партијата за која како мнозинството се определени, тие всушност остануваат без најосновниот определувач на својата политичка волја.

Ја предупредуваа и ДПА да не преговара бидејќи тоа би било на штета на албанците.

Еден од потписниците на апелот Насер Зибери тогаш изјави дека е непримерно да се создава парламентарно мнозинство без партијата која кај албанските гласачи го има мнозинството.

Според пишувањата на повеќе медиуми единствен кој останал на ставот од 2014 е Абдулменаф Беџети кој смета дека коалицијата треба да биде направена од победничките партии во македонскиот и албанскиот политички блок. Тој тоа го потврдува и во изјава за порталот тетова сот.

Останувам на тој став. Мислам дека денеска не може да се направи таа споредба само со бројот на мандатите или бројот на гласови кои структури прават повеќе од 50% на албанските гласови со право на легитимитет и во духот на принципите и демократијата? Ваквото сметање за жал го комплицираат и албанските гласови за македонските партии, кои со сигурност не знае колку се.

Во јавноста зад менувањето на ставовите на албанските интелектуалци се препознава и сценарио на СОРОС,СДСМ и БЕСА.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This