БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА ПУТИН – ИВАНОВ: Кризата во Македонија да се реши согласно Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија следи се што се случува во Македонија. Кризата треба да се реши со авторитетот на претседателот Иванов и следење на Уставот – порача рускиот претседател Владимир Путин

Решавање на политичката криза во рамки на Уставот и законите на Македонија, обезбедување на регионална стабилност и продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Русија – ова се трите точки со кои почна билатералната работна средба на рускиот претседател Владимир Путин и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Симболично, затоа што Македонија и ја даде писменоста на словенскиот свет, средбата се одржа на празникот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. На средбата се говореше и за актуелната политичка криза.

Категорички е неприфатливо да се работи во спротивност на интересите на суверените држави и да се применува политика на двојни стандарди при решавањето на проблемите од регионалната и глобалната безбедност, изјави на средбата претседателот на Русија Владимир Путин.

– За ефикасно решавање на тие компликувани проблеми потребна е координација на напорите на сите членки на светската заедница. Притоа, исклучително важно е придржување до принципите на меѓународното право при обезбедувањето на регионална и глобална безбедност, истакна Путин во пораката која ја прочита секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, на отворањето на Меѓународната конференција на високите претставници за безбедност.

На средбата, Путин потенцираше и дека Русија со особено внимание ја следи политичката криза во Република Македонија, и дека авторитетот на Иванов е клучен во решавање на кризата.

– Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за добра внатрешнополитичка ситуација. Со особено внимание следиме се што се случува во вашата земја. Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа, истакна претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва – му рече Путин на Иванов.

Претседателот на Република Македонија, на својот руски колега му посочи дека добрите односи со Русија не би требало да значат оддалечување на Македонија од евроатланските интеграции.

– Секоја држава има свои интереси и не би навлегувал во теорија на конспирации дека соработката со Русија ќе ја оддалечи Македонија од нејзините евроатлански интеграции. Ние треба да ги следиме ЕУ и НАТО, но мора да одржуваме добри односи со Русија – порача македонскиот претседател.

Путин и Иванов потенцирале дека економската соработка, особено во земјоделството мора да се продлабочи, исто како и во секторите во кои Русија е силна. Во односна посредништвото во решавање на спорот помеѓу МПЦ и СПЦ, со помош на епископот Тихон и Руската црква, претседателот Иванов потенцираше дека првиот чекор е направен од Руската црква која дозволила наше присуство а другото останува на МПЦ, според каноните.

Пред средбата со рускиот шеф на државата, неговиот македонски колега со сопругата Маја присуствуваа на литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Руската православна црква, г.г. Кирил по повод денот на сесловенските просветители и неговиот именден, како и пристигнувањето на моштите на Свети Никола во Москва. По средбата, Путин и Иванов присуствуваа на свечениот ручек кај поглаварот на руската црква, гг. Кирил.

 

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This