April 24, 2024, 12:30 pm

БИТКА ЗА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА: Се спрема нов хаос – Заев ќе притиска за референдум и насилна промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако новата влада успее на некој волшебен начин да дојде до мнозинство во парламентот за потребните измени во Уставот на името на државата, постојат индиции дека Албанците од Зоран Заев би барале од него да уфрли некои од елементите на „тиранската платформа“. Тоа е вовед во нова драма

Фото: Ројтерс/Стрингер

Промената на името Република Македонија би била капка во преполната чаша која Македонците нема да можат да ја издржат. Новата влада на чело со Заев наголемо ја удира главата за тоа како да ги исполни предизборните услови од Вашингтон и Брисел и од Уставот да го исфрли официјалнот име Република Македонија – со цел Грција да го подигне ветото и Македонија да влезе во НАТО.

Македонија уште во 2004.година се наоѓа во „состојба на вето“ кога се во прашање приемот во ЕУ и НАТО бидеќи Грција не дозволува да бидеме примени во ниту една од овие две организации дури ни под меѓународно прифатената одредница ПЈРМ.

Упатените тврдат дека едена од причините што Македонија беше во речиси тригодишна криза и на работ на граѓанска војна по изнудените избори од страна на Заев, кои резултираа со тоа што губитникот со помош на Албанците формираше влада, беше токму промената на името Македонија, со цел Грција да го одблокира својот глас, а НАТО да се прошири и во Македонија. Геостратешки гледано, тоа би значело дека со тоа НАТО би го „затворило“ кругот и би „завледале“ од Егеј преку Вардарска долина до Јадранот.

Заев, најави дека државата би можела да биде примена во НАТО и под одредницата ПЈРМ, но политикологот од Скопје Бранко Ѓорѓевски вели дека не верува дека Грција ќе прифати такво нешто.

„Грција овој проблем со името сака да го реши долгорочно, а не на кратки стази. Така да мислам дека Заев со ваквите изјави повеќе сака да внесе некоја еуфорија поради внатрешнат политичка слика. Од друга страна, вакво нешто не добива признние ниту од Грција, ниту од Брисел“ – вели Ѓорѓевски за Спутник.

Проценките на Александар Митовски од Центарот за истражување и анализа од Скопје се многу посериозни. Тој смета дека било каква можност Македонија да го промени името ќе предизвика нова криза во државата, а ниту одржувањето на референдум за промена на името, кој се највува, не би било поволно сценарио.

„Предлогот на било кој политичар, партија или влада за референдум би бил само префрлање на вината од себе врз народот. А со обзир на тоа што знаеме како поминаа изборите минатата година, и како помина референдумот во 2004.година за териотријална реорганизација, никој не верува дека тој референдум би бил фер. Така да, секоја помисла за менување на името на државата, предизвикува нова криза“ – вели Митовски за Сптуник.

И Ѓорѓевски е под знак прашање го става референдумот, напоменувајќи дека тука има доста нејаснотии – од тоа какво би било референдумското прашање, до тоа кој би го надгледувал спроведувањето на референдумот и така натау.

„Јас сум, што се однесува на тоа, песимист. Не сум сигурен дека тој референдум воопшто би успеал, а постои можност воопшто и да го нема. Тоа кај мене предизвикува сериозна загриженост поради тоа што на крајот може да се произведе за да се задоволат ветувањата која новата влада ги има дадено на Запад“ – вели тој.

Никола Димитров, новиот МНР на Македонија, веќе најави дека Република Македонија, како што стои сега во уставот, би можела да го промени официјалното име во Горна Македонија, што би, како што вели, било доволно да се задоволи Грција, а да ја отвори вратата во Алијансата. Меѓутоа, за тоа да се случи, Заев би морал да го менува Уставот, а тоа би значело дека треба да обезбеди двотретинско мнозинство во парламетот.

Соговорниците за Спутник велат дека поддршката во парламентот би можела да се најде со сигурност кај Албанците, но прашање е дали тоа би го прифатиле од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неофицијални проценки, се тврди дека тука би можел да се најде некој компромис бидејќи голем дел од луѓето од претходната власт се наоѓаат пред обвиненија, кои Заев преку СЈО би можел да ги искористи како уценувачки капитал – слобода за замена на глас во парламентот.

Исто така, неофицијално, постојат индиции и дека Албанците би го искористиле овој момент и од Заев би барале во склоп на промените во Уставот по повод името да уфрлат и некои елементи од „тиранската платформа“ што би бил нивен услов да гласаат за промена на името, а поради закрилата на НАТО.

Бранкица Ристиќ
Спутник

31 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This