March 28, 2024, 12:08 pm

БЛИЗУ 600 ЗАБОЛЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН-состојбата алapмантна: Владата нема мнозиство па ќе бара помош од ВМРО-ДПМНЕ за да се гласа законот за новите pecтриктивни мepkи кои ги предлага

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно во болниците во земјава се хоспитализирани 452 пациент. Овој притисок го прави огромниот број новозаболени во земјава, кој создава се поголем и поголем притисок врз болничките капацитети.

Само вчера имаше близу 600 новозаболени за едно деноноќие, или прецизно, 594 лица.

Според информациите од Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Нема информација за приеми на пациенти во модуларната болница.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Со очекува оваа веќе во првите денови од идната недела да се донесат нови рестриктивни мерки.

Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Како што кажа Филипче, по скратена постапка ќе се носи законот со кој ќе се воведат новите мерки, како што се носење маски на отворено, забрането групирање и гости после 22 часот.

Но, тој рече дека со амандманска интервенција ќе има можност да се интервенира во законот, односно ако е потребно да се воведат и другите мерки кои се предлагаа, а такви се да не работи ниту еден економски оператор после 23 часот.

„Се изнуди практично таква ситуација, да мора да се интервенира во законот, поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во уредбата со законска сила, којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба. Така да ова е најдобриот начин да имаме една мерка, којашто е ефикасна и ќе може да се контролира и да се спроведе“, рече Филипче.

Но, бидејќи дел од пратениците на владејачкото мнозинство се болни, можно е тој закон да зависи и од опозициски пратеници.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера изјави дека ќе даде поддршка не сите мерки чија цел е поддршка во борбата против коронавирусот. Тој истакна дека не била консултирана опозицијата за мерките но дека ќе направат се за доброто и за здравјето на граѓаните.

„Тука сме, стоиме на располагање со сиот свој потенцијал, како политичка партија, како опозиција, да им помогнеме на граѓаните, па дури и да соработуваме со оние незнајковци од политичката Комисија за заразни болести на СДСМ и Зоран Заев. Нека ми каже некој кои се тие мерки, јас не ги знам. Па еве, веќе носиме маски, не треба сега ново гласање. Еве ако треба за таа мерка, ќе ги поддржиме“, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This