БОЛИ КОГА ЌЕ ТИ ГО СМЕНАТ ИМЕТО: Зоран Иванов агитира за Северна, но не би сакал нему да му го променат името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Д-р Ицо Најдовски, историчар и долгогодишен активист за правата на Македонците во соседните земји вчера гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија каде што го изнесе својот став и мислење околу референдумот што претстои за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија, како и за договорот со Бугарија, пренесува Експрес.

Ицо Најдовски се обиде со едноставен пример на Зоран Иванов да му докаже дека со промената на името се менува и идентитетот, имено тој само наместо Зоран го именува како Ѓорге Иванов на што тој веднаш бурно реагираше со реакција дека не е Ѓорге туку Зоран.

Со историски факти се обиде да му се спротистави на соговорникот Зоран Иванов и да докаже дека Бугарскиот договор е штетен за Македонскиот народ и дека ние никогаш не можеме да имаме иста историја со Бугарите, ниту пак Бугарите да го преземаат Илинденското востание како нивно востание затоа што според него ниту еден бугарски бојник не учествувал во истото.

Според Ицо Најдовски кој е еден од најистакнатите македонски активисти во Австралија не е потребно некој од надвор да ни кажува што да правиме туку треба да се промени менталитетот на оние кои се на власт и кои ја водат државата и националната светст да се крене на повисоко ниво како на пример кај Албанците.

Ицо Најдовски исто така ја осуди и работата на владата која што веќе година и пол се занимава со промена на името и заборави за ветувања кон граѓаните за подобра иднина и подобро функционирање на иституциите судството, полицијата итн…

Тој направи паралела и рече дека Австралијанците за 200 години успеале да створат Австралиска нација, а ние сеуште се бориме и не успеваме да создадеме наша нација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This