Бомба број еден против новата, нелегитимна влада составена од партии кои загубија на предвремените парламентарни избори, но со безобразна поддршка и вмешување на странскиот фактор во земјава, предизвикаа правен и политички преседан еднаков на земји од т.н. „трет свет“
Дека платформата, воведувањето на двојазичност, кантонизацијата и федерализација ќе станат реалност со владата составена од албански партии и СДС, зборува и Љубомир Фрчкоски во разговор со уредникот на „Слободен Печат“ и „Плусинфо“ (инаку двата медиуми финансирани од УСАИД и Сорос).
На снимката која се појави на интернет сервисот „ЈуТјуб“, а е поставена од извесен Никола Тесла јасно може да се слушнат инструкциите за тоа како треба да се „протне“ тезата дека нема да има двојазичност, а предлогот веќе се спрема.
Фрчковски вели дека „се што не е забрането со Устав, е дозволено“, а тоа е начинот на кој ќе ја воведат и двојазичноста во земјава.