April 19, 2024, 11:49 pm

Борел: Нема да се смириме додека Западен Балкан не биде дел од ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целосно сме мобилизирани да ги поддржиме помирувањето и реформите како најдобар противотров на националистичката реторика, рече шефот на дипломатијата на ЕУ
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, пред Советот за безбедност на ООН денеска изјави дека „ЕУ нема да застане додека земјите од Западен Балкан не станат дел од ЕУ“.

„За таа цел, ние сме целосно мобилизирани да ги поддржиме помирувањето и реформите како најдобар противотров на националистичката реторика“, рече Борел.

Во својот говор, тој најави дека следната недела во Брисел ќе се одржи нов состанок за дијалогот меѓу Белград и Приштина, организиран од ЕУ.

На сесијата посветена на соработката меѓу ООН и ЕУ, Борел пред Советот за безбедност на ООН зборуваше за улогата и поддршката што ЕУ ги дава за одржување на глобалниот мир и безбедност, соработката со ООН и регионалните организации.

Тој го наведе Западен Балкан како пример за „темелниот ангажман“ на ЕУ, каде што се потребни „итни резултати“.

Покрај Западен Балкан, Борел ги спомена и Белорусија, Украина и Блискиот исток.

„Општо кажано, ние не сакаме геостратешка конкуренција во Европа. Ние сакаме мирно, просперитетно и стабилно соседство, без таканаречени долгорочни конфликти и зони на влијание“, нагласи Борел.

Тој повика на заживување на мултилатерализмот заснован на меѓународното право и истакна дека ЕУ останува посветена на соработката и принципите на ООН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This