March 28, 2024, 12:12 pm

Босански министер пoчинa од Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за заштита на правата на борците на Федерацијата на БиХ, Салко Букваревиќ, утрово починал на Клиниката за болести на белите дробови на Клиничкиот центар во Сараево, пренесуваат српските медиуми.

Тој пред десет дена бил сместен во болница поради влошената здравствена состојба, по што му бил потврден позититен тест на корона вирус.

Неговата здравствена состојба се влошила во понеделникот со отежнато дишење.

Претходните денови дишел со помош на кислород, но тоа не било доволно поради силното воспаление на белите дробови, и затоа во вторникот бил приклучен на респиратор.

Букваревиќ е роден во 1967 година во Калесиј. Бил вонреден професор на Рударско-геолошкиот факултет во Тузла.

Од 2015 година бил на функција министер за заштита на правата на борците во владата на ФБиХ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This