Боцески кажа како стојат работите: САД има право на “Црна листа” колку што Македонците имаат право на отпop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легитимен е интересот на САД со свои декрети да го штити својот национален интерес преку “Црни листи” , но легитимен е и Македонскиот отпор кој што се води со демократски средства и со почитување на меѓународното право против преименувањето на Македонија и Македонците.

Ова вчера во телевизиска дебата го изјави екс вицепремиерот за Евроинтеграции Ивица Боцевски кој зборуваше и за односите со Бугарија.

“Вие велите дека завршуваат митовите, а по краток период се носи декларација во собранието во Бугарија” , рече поранешниот амбасадор Ивица Боцевски обраќајќи му се на поранешниот амбасадор Нано Ружин кој беше дел од дебатата на Телевизија 24.

Според Ружин добро е тоа што “молчиме и што не реагираме на бугарските изјави, па дури и дипломатите во Скопје нè пофалиле” на што Боцевски одговори дека тоа е погрешен пристап затоа што се разбираме со Бугарите и треба јасно и гласно да дебатираме со нив, и на нивните и на нашите медиуми.

Според Боцевски не може да се преговара кога некој ве негира.

„Официјалниот јазик на републиката е југозападна писмена форма на бугарскиот јазик, Бугарите во моментов велат дека стандардизираниот бугарски јазик има две норми, има прва, стандардна бугарска и втората е скопската. Јас предлагам ние да имаме те. да донесеме декларација во Собрание кои се ставови на Македонија и дека се отфрлаат бугарските ставови кои не негираат“, вели Боцевски.

Екс вицепремиерот потсети дека со Грција цело време се знаеше за што се преговара а сега не знаеме што преговараат Заев и Бучковски со Бугарија при што има план за вградување на Декларацијата на нивното собрание во преговарачката рамка.

Боцевски укажа дека на маса треба да седнат сите партии и да се дебатира меѓу другото и за Бугарија.

„За што дискутира Заев со Бугарија, за што дискутира Бучковски. Еве ги гледаме, читаме бугарските позиции и за тоа ли треба Македонија да преговара“, рече Боцевски.

Според Боцевски се става динамит на македонскиот идентитет за некој да добие локални избори.

„Не сакам никој да стави динамит во темелите на овој народ и на оваа држава. Бучковски не сака да дебатира. тајна не е кога се преговара за идентитет и јазик“, вели Боцевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This