March 28, 2024, 11:29 am

БРАВО: 11 годишниот велешанец Никола рекордер за редење на Рубикова коцка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младото момче Никола Ничовски на свои 13 години реди рубикова коцка како најдобрите светски мајстори. Велешанецот Никола, до нашата редакција испрати видео од неговиот личен рекорд остварен во ноември месец во Република Косово.

Редакцијата на Велесденес.мк по испратеното видео стапи во контакт со младиот Никола. Тој ни раскажа малку повеќе за неговата пасија, редењето на рубикова коцка, како и за успесите во неговите натпревари во Македонија и на меѓународно ниво.

Велешанецот Никола Ничовски има 13 години, а со редењето на рубикова коцка започнал од свои 10 години, додека редовно почнал со вежбање и редење од свои 11 години. Него го потикнал еден негов пријател со кој сакал да се докажува дека може да биде подобар од него, со што и успеал.

Учи во Основното општинско училиште Васил Главинов во Велес и е 8-мо одделение. Покрај редењето на рубикова коцка, сака да игра и кошарка, а воедно е и страствен навивач на фудбалскиот клуб Барселона и Лионел Меси.

Младиот велешанец до сега има учествувано на 3 домашни и 2 меѓународни натпревари, од кои 1 во Бугарија и 1 во Косово, каде што и го постигнал неговиот личен рекорд на официјален натпревар.

-Имам исто така има освоено 6 медали, 4 на национално ниво и 2 на интернационално. Меѓу нив голем број на сертификати и успеси во неофицијални натпревари вели Никола.

Неговиот личен рекорд, на неофицијални натпревари е 7.65 секунди, додека на натпреварот во Косово во 2019 година го постигнува неговото најдобро време од 10.48 секунди. Рекордот на светско ниво во редење на рубикова коцка изнесува 3.47 секунди од кинезот YuSheng Du.

Никола се натпреварува и во редење на Pyraminx коцки, каде што исто така има одлични резултати.

-Освен обичната рубикова коцка има и други типови во кои може да се натпреварува. Највеќе доминирам во Pyraminx со просечно време од 6 секунди и воедно сум 2 место во Македонија, додаде младиот велешанец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This