March 29, 2024, 10:37 am

Братчињата кои му порачаа „Никогаш Северна“ на Пендаровски, денес не го дочекаа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двете братчиња по потекло од селото Галичник кои на Петровден на Галичка свадба на претседателот Пендаровски и неговата сопруга им скандираа “Никогаш Северна само Македонија”, денеска го вееја знамето со сонцето од Кутлеш и на Мечкин Камен, пренесува Експрес.

Но како што предходно најави на историската локација го немаше претседателот Пендаровски кој рече дека не сака да се соочува со клетви и навреди и затоа нема да држи говор таму каде што секогаш лидерите на македонскиот народ се обраќале на Илинден.

Двете братчиња Галичанчиња денеска немаа можност да му го пренесат својот став на Пендаровски како што тоа го сторија на Петровден.

Видеото го снимил нивниот татко македонскиот активист Гоце Панговски.

Видеото погледнете го тука.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This