Брза вечерна закуска: Пица пита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израдувајте ги своите пријатели и семејството со мек и мирисен оброк, идеален за мала вечерна закуска. Омиленото јадење на многумина, за кое нема да ви треба многу време за подготовка. Мешавина од најомилените состојки во кујната, вклопени во една целина. Превскусна е додека е топла.

Состојки:

125 гр путер

2 јајца

1/2 кг брашно

2 лажици квасец

1 лажиќка сол

кечап

шунка

кашкавал

оригано

За прелив

1 чаша јогурт

2 јајца

малку млеко

Подготовка:

Путерот, јајцата, брашното, квасецот и солта замесете ги со вода. Тестото поделете го на три дела и корите развлечете ги со сукало. Потоа ставете ја секоја кора посебно на хартија за печење. Двете кори намачкајте ги со кечап, врз нив насецкајте шунка, нарендајте кашкавал и посипете ги со оригано.

Ставете ги корите една врз друга. Пред печење, тестото исечете го на коцки. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не добие боја. Извадете ја печената пица пит аод рерната и одозгора премачкајте ја со смеса од јајца, млеко и јогурт.

Потоа вратете ја во рерна и печете уште малку, додека смесата не зарумени.

Пријатен вкус и на здравје!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This