Британците со мacoвна забава го прославија излегувањето од „лokдаунот“ (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конечно во Велика Британија последните денови почна да се шири оптимизам.Британските медиуми јавуваат дека во Сохо, Лондон, преовладувало вистинско славеничко расположение, кога на почетокот на неделата стапи на сила втората фаза на олеснување на епидемиолошките мерки.

Масите биле преполни со луѓе кои, и покрај студеното време, копнееја по првиот пијалок или јадење на отворено после неколку месеци. Многумина дури танцуваа по улиците.Како Велика Британија, една од најпогодените земји од ковид-19, со околу 4,4 милиони потврдени инфекции и 127.161 смртни случаи, дојде до славеничко расположение?

Како што покажуваат страниците „Наш свет во податоците“ и „Ворлдметар“, бројот на новоинфицирани во таа земја се намалил од над 60.000 на ден во почетокот на јануари на под 2.000 во последните неколку дена. Особено охрабрувачки е фактот дека бројот на смртни случаи паднал под 50 на ден на почетокот на април, додека во средината на јануари тој често надминувал 1.500.

Британците го постигнаа овој успех комбинирајќи масовна кампања за вакцинирање и строга блокада. Велика Британија е еден од светските лидери во вакцинацијата. Досега, се администрирани вкупно околу 60 дози на 100 жители.

Ова значи дека околу 48,4% од населението биле вакцинирани со единечна доза и околу 11,8% со обете. Со подобрувањето на епидемиолошката состојба, по отворањето на образовните институции во првиот чекор, започна втората фаза на релаксирачки мерки. Според упатствата за ослободување од целосниот карантин, многу работи што беа затворени до неодамна, се отвораат во оваа фаза.

Отворено или дозволено:

– сите продавници

– фризерски салони, козметички салони и други услуги со блиски контакти

– ресторани и пабови (сервирање храна и алкохол на клиенти што седат на отворено)

– спортски сали, бањи, зоолошки градини, тематски паркови, библиотеки и центри во заедницата

– одмор во Англија во независно сместување на членови на исто домаќинство

– несуштинско патување помеѓу Англија и Велс

– свадби – до 15 лица

– погреби – до 30 лица

– активности во затворен простор за деца

– двајца посетители на дом за згрижување по одделение

– курсеви за возење – со продолжување на возачките тестови на 22 април

– сега можат да се отворат повеќе компании

– шест лица или две домаќинства можат да се сретнат надвор – дури и во приватни градини.

Но, сепак постои препорака да се работи од дома, ако е можно, и да се сведе на минимум што е можно повеќе бројот на патувања.

Исто така, мешањето во затворени простории со луѓе кои не се од исто домаќинство или од ист круг сè уште не е дозволено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This