April 20, 2024, 11:27 am

БРУНО ЈА ПОГОДИ ЦЕНТРАЛНА МАКЕДОНИЈА: Можна појава на невреме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во доцните попладневни часови и вечерва централните предели на државава се под влијание на циклонот БРУНО кој е поврзан со значително нестабилна воздушна маса која се создава поради судирот на две воздушни маси и тоа (топлата од југ и студената од север).

Во овие предели на повеќе места има појава на пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град но барем засега не се регистрирани некои штети врз земјоделието или поплавувања.

Понатаму оваа ноќ врнежите ќе се интензивираат особено во источната половина од државава со што ќе има услови и за ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.

И утре (понеделник) ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ а поројни врнежи и грмежи ќе има во поголем дел од државава додека температурите на воздухот ќе опаднат друи за околу 10тина степени а ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, додека електричните уреди во домовите додека траат електричните празнења да се исклучуваат од штекер, а автомобилите да се ставаат понастрана од дрвја во случај на појава на силен ветер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This