БУГАРСКО ОРУЖЈЕ КАЈ ТЕРОРИСТИТЕ ВО СИРИЈА: Руското МНР соопшти дека има докази за Бугарско вооружување кај ИСИС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убиството на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов е резултат на долгорочна анти-руска пропаганда, ијзавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова

bugarsko_oruzje

„Одлучната анти-руска пропаганда се спроведува веќе доволно долго, на различни нивоа, што на крајот резултираше со убиството на рускиот амбасадор“, рекла Захарова.

Захарова истакнува дека неговата смрт треба да лежи врз совеста на сите оние кои учествуваат во таа пропаганда.

Присуство на бугарско вооружување во Алепо

Зборувајќи за Сирија, портпаролката на руското МНР наведува и дека се пронајдени докази за присуство на бугарско вооружување во сириско Алепо.

Како што изјавила, тоа говори дека некои претставници од Бугарија очигледно спроведуваат одредени неправилности кога станува збор за испорака на вооружување во Сирија. „Русија уште на крајот на деведесетите од минатиот век преговара со Софија за склучување на договор за контролирање на извозот на вооружувањето од таа земја кон други држави, но Бугарија го одлага тоа прашање. Очигледно дека одложувањето на решението за тоа прашање е на задоволство на некои бугарски претставници“, рекла таа на прес конференцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This