March 28, 2024, 12:39 pm

Бeлгиcкитe eпидeмиoлoзи oчeкyвaaт зacилyвaње нa пaндeмиjaтa oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновите податоци за епидемијата од Ковид-19 во Белгија покажуваат раст на новите случаи, епидемиолозите предвидуваат влошување на состојбата со падот на температурите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Стивен Вангигхт, епидемиолог од институтот за јавно здравство на Белгија на денешната прес-конференција порача дека научниците очекуваат забрзување на епидемијата во наредните недели.

– Сѐ повеќе сме внатре, контактите се поблиски и сѐ повеќе настани се одржуваат во затворено, од 1 октомври гледаме и укинување на дел од мерките, како отворањето на клубовите, истакна Вангихт и побара да се продолжи со кампањата на вакцинација која докажа дека дава ефикасни резултати во однос на товарот врз болниците.

Сепак бројот на нови хоспитализации е во благ подем како и бројот на починати, а стапката на репродукција на вирусот која покажува дали се шири брзо заразата е зголемена.

Епидемиолозите повикуваат на внимателност во услови на ублажени мерки и сѐ постудени температури.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This